ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врачени девет спортски пензии
Скопје 20 јули 2009 (МИМ)
Вчера, во просториите на Владата на Република Македонија, премиерот Никола Груевски ги врачи деветте национални спортски признанија, наречени спортски пензии на лица кои успешно ја претставувале нашата земја надвор од границите подолг период. Со овој потег државата уште еднаш ја потврди грижата за спортистите, независно дали тие од поодамна ја завршиле спортската кариера. Високите признанија ги добија:
Нико Нестор (маратонско пливање), Елизабета Чолаковска Шподариќ (куглање), Милко Ѓуровски (фудбал), Азис Салиху (бокс), Зоран Шоров (борење), Драгољуб Јаќимовиќ (шах), Весна Секуловска (шах), Дики Бојаџи (маратонско пливање) и Мирче Опеловски (карате). Меѓу наградените се најдоа имињата на Трајко Недев (шах) и Владимир Георгиев (шах), но тие оправдано беа спречени да присуствуваат на овој свечен чин и да ги примат признанијата. Претходно ваквите признанија ги добија 15 поранешни спортисти.
Return to Български шахматисти
Users browsing this forum: No registered users and 5 guests